fbpx

Полициски билтен:физички напад на „Бетовенова“, 87 лица не носеле маски

Синоќа во 20:30 часот во Полициската станица Струмица, У.О.(55) од Струмица пријавил дека околу 17:00 часот во неговото дворно место на улица „Бетовенова“ во Струмица бил физички нападнат од И.Н.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (02.12/03.12.2020), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Струмица 87 лица не ја почитувалe, од кои 28 во Струмица, 23 во Гевгелија, 20 во Радовиш и 16 во Валандово и ќе следуваат соодветни мерки.

Share via
Copy link