fbpx

Полициски билтен:Физички напади во Гевгелија и Радовиш

На 30.12.2021 во 14.45 часот во Полициската станица Гевгелија, Љ.Д.(36) од Гевгелија пријавила дека на 29.12.2021 околу 17.40 часот во двор на училиште во Гевгелија нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од други малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 30.12.2021 во Полициска станица Радовиш, М.Ј.(23) од село Ораовица, радовишко, пријавил дека околу 19.00 часот во угостителски објект на бул.„Александар Македонски“ во Радовиш бил физички нападнат од Б.Т. и Н.Н., двајцата од село Ораовица. По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 31.12.2021 во 02.55 часот во Полициската станица Радовиш, А.М.(38) од Радовиш пријавил дека околу 00.10 часот во угостителски објект на ул.„22-ри Октомври“ во Радовиш бил физички нападнат од М.Ј. и М.Ј., двајцата од село Ораовица, радовишко. По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Share via
Copy link