fbpx

Полициски билтен:физички напади во Радовиш и Калково, валандовско

 Полициски билтен:физички напади во Радовиш и Калково, валандовско

На 24.04.2024 во 23.40 часот полициски службеници од Полициската станица Радовиш го привеле О.С.(29) од село Покрајчево, радовишко. Тој околу 22.30 часот во село Покрајчево учествувал во физичка пресметка со К.С.(60) од село Покрајчево, со што го нарушиле јавниот ред и мир.  Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На 24.04.2024 во 21.15 часот во Полициската станица Радовиш А.С.(36) од Радовиш пријавил дека околу 20.00 часот на ул. „Мирче Ацев“ во Радовиш бил физички нападнат од Е.Б. и Б.„Н“. и двајцата од Радовиш. По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 24.04.2024 година во 07.15 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека во село Калково, валандовско, бил нарушен јавниот ред и мир од страна на Е.К. од село Калково, кој физички ја нападнал С.К. од истото село. Полициската станица Валандово презема мерки за расчистување на случајот.

Share via
Copy link