fbpx

Полициски билтен:казни за неносење заштитни маски, акциска контрола на учесници во сообраќајот во Радовиш

 Полициски билтен:казни за неносење заштитни маски, акциска контрола на учесници во сообраќајот во Радовиш

На 08.04.2021 година во периодот од 10.00 до 16.00 часот на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена акциска контрола над граѓани кои не ги почитуваат одредбите од Законот за заштита на населението од заразни болести, односно за неносење лична заштита на лицето. При контролата биле констатирани 97 прекршоци, за кои на граѓаните им биле издадени платни налози.

На 08.04.2021 година во времето од 14.00 до 20.00 часот на подрачјето на Одделението за внатрешни работи Радовиш била спроведена акциска контрола над сите учесници во сообраќајот. Притоа, биле констатирани 19 прекршоци, од кои 5 за управување моторно возило без возачка дозвола, 4 за некористење на сигурносен појас при возење, 3 прекршока за управување возило на кое не се вклучени најмалку соборени светла и 7 останати прекршоци. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.  

Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (08.04/09.04.2021), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Струмица 114 лица не ја почитувалe, од кои 50 во Струмица, 26 во Радовиш, 25 во Гевгелија и по 13 во Валандово и ќе следуваат соодветни мерки.
На подрачјето на Полициска станица Струмица две лица ја прекршиле забраната за движење и истите ќе бидат соодветно санкционирано.

Share via
Copy link