fbpx

Полициски билтен:Од две старици малолетници украле паричници

 Полициски билтен:Од две старици малолетници украле паричници

На 01.02.2021 во 18.40 часот во Полициска станица Струмица, Р.Г.(72) од Струмица пријавила дека околу 18.00 часот во Струмица едно малолетно лице физички ја нападнало и ѝ одзело паричник со пари.  

Истиот ден во 22.20 часот и Ж.Ј.(73) пријавила дека околу 18.30 часот во Струмица била физички нападната од малолетно лице, кое и одзело паричник со пари.

Се работи на расчистување на двата случаи.

На 01.02.2021 во 22.40 часот во Полициската станица Струмица, В.Ѓ.(27) од село Баница пријавил дека во казино во Струмица бил физички нападнат од С.Т..

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Share via
Copy link