fbpx

Полициски билтен:пронајдена марихуана, оштетени стакла од штаб на политичка партија, физички напади

 Полициски билтен:пронајдена марихуана, оштетени стакла од штаб на политичка партија, физички напади

На 30.04.2024 во 16.10 часот во село Стојаково, општина Богданци, полициски службеници од ОВР Гевгелија го лишиле од слобода В.К.(30) од село Стојаково. При претрес на неговиот дом извршен со судска наредба била пронајдена марихуана. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 30.04.2024 во 10.30 асот во Полициската станица Струмица, П.Ц.(70) од село Вељуса, струмичко, пријавил дека во периодот од 22.00 часот на 28.04 до 09.00 часот на 30.04.2024 година било направено оштетување на три стакла од прозорците на објект во село Вељуса, кој се користел како штаб на политичка партија. Увид на местото извршила екипа на СВР Струмица и се работи на расчистување на случајот.

На 30.04.2024 во 16.50 часот во Полициската канцеларија Нов Дојран, Р.Р.(62) од Стар Дојран пријавил дека околу 15.35 часот во неговиот дом бил физички нападнат од Џ.А.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 30.04.2024 во 23.00 часот во Полициската станица Радовиш, Д.Ј.(21) од Радовиш пријавил дека околу 22.00 часот на ул. „8 Септември“ во Радовиш бил физички нападнат од А.К. од Радовиш. По расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Share via
Copy link