fbpx

Полициски билтен:пронајдена марихуана во Василево,физички напад во угостителски објект во Струмица

 Полициски билтен:пронајдена марихуана во Василево,физички напад во угостителски објект во Струмица

На 30.09.2024 во 09.00 часот во село Василево, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Б.Б.(51) од село Василево, струмичко. При претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена марихуана и предмети со остатоци од марихуана. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 30.09.2024 во 15.35 часот во Полициската станица Струмица, А.С.(21) од Струмица пријавил дека на 29.09.2024 околу 02.00 часот во угостителски објект во Струмица бил физички нападнат од Р.Г.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Share via
Copy link