fbpx

Полициски билтен:украден ранец во Банско, пронајдена марихуана, физички напад во Струмица

 Полициски билтен:украден ранец во Банско, пронајдена марихуана, физички напад во Струмица

На 16.04.2024 во 02.02 часот во Полициската станица Струмица, Н.Б.(35) од село Банско, струмичко, пријавила дека во село Банско, две лица со употреба на сила ѝ одзеле ранец. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 15.04.2024 во Струмица, полициски службеници од Полициската станица Струмица ги лишиле од слобода К.Ѓ.(20) од село Мокрино, струмичко и А.Т.Г.(26) од село Колешино, струмичко. При преглед на патничко возило „опел“ со струмички регистарски ознаки, управувано од К.Ѓ., во кое сопатник бил А.Т.Г., била пронајдена марихуана. Лицата биле задржани во полициска станица и за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 15.04.2024 во 18.15 часот во Полициската станица Струмица, Б.Т.(22) од село Пиперево, струмичко, пријавила дека околу 17.00 часот на бул.„Ленинова“ во Струмица била физички нападната од Т.К.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Share via
Copy link