fbpx

Полициски билтен:Во Дојран уапсени три лица за поседување дрога и други предмети од кражби

 Полициски билтен:Во Дојран уапсени три лица за поседување дрога и други предмети од кражби

На 25.11.2021 во 06.10 и 08.10 часот во Стар и Нов Дојран, полициски службеници од ОВР Гевгелија – Полициско одделение Нов Дојран ги лишиле од слобода Д.Р.(43) и Е.И.(27), двајцата од Стар Дојран и Т.А.(56) од Нов Дојран.
При претреси во нивните домови, извршени со судска наредба, биле пронајдени и одземени дрога и други предмети кои потекнуваат од кривични дела.
При претрес во домот на Д.Р.биле пронајдени одземени марихуана, предмети со остатоци од прашкаста материја, пари и други предмети кои потекнуваат од сторени кривични дела „тешка кражба“ и „кражба“ извршени на подрачје на општина Дојран.
Во домот на Е.И. биле пронајдени и одземени марихуана, пари и предмети кои потекнуваат од сторени кривични дела „тешка кражба“ и „кражба“ извршени на подрачје на општина Дојран.
Додека, при претресот во домот на Т.А. биле пронајдени марихуана и стебла од растението канабис.
Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

На 25.11.2021 во во 15.30 часот во с.Богородица, гевгелиско, полициски службеници од ОВР Гевгелија го лишиле од слобода Д.М.(55) од с.Богородица. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и стебла од растението канабис. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.  

На 26.11.2021 година во 04.00 часот во Полициската станица Струмица, М.М.(60) од село Добрејци, струмичко, пријавил дека околу 03.00 часот во казино во Струмица бил физички нападнат од Т.Ј.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Share via
Copy link