Потпишан договор за изградба на пат меѓу селата Бориево и Колешино
-Заедно со Раководителот на Центарот за Развој на Југоисточниот Плански Регион, Жулиета Ѓуркова и градоначалникот на Општина Ново Село , Горѓе Божинов го потпишавме договорот за изградба на локален пат за поврзување на населените места Бориево – Колешино во износ 26.497.310,00 денари, објави градоначалникот на Босилово, Ристо Манчев.
Особено важен проект за нашите сограѓани, со кој ќе овозможиме непречена комуникација и поврзување со Општина Ново Село,напиша Манчев.