fbpx

Повторно црн ковид биланс во Струмица

 Повторно црн ковид биланс во Струмица

Тројца починати, 26 новозаразени и 19 оздравени од Ковид-19 се регистрирани во Струмица во последните 24 часа.

Во последните 24 часа се направени 3127 тестирања, а регистрирани се 1022 нови случаи на ковид-19 во:

-Скопје 463-Куманово 30 -Дебар 6 -Штип 28 -Прилеп 68 -Тетово 29 -Струга 21 -Велес 47 -Битола 48 -Охрид 28 -Кавадарци 26 -Гостивар 66 -Гевгелија 4 –Струмица 26 -Крива Паланка 7-Радовиш 4-Крушево 2 -Кочани 12 -Пробиштип 5-Демир Хисар 1 -Македонски Брод 5 -Пехчево 1 -Валандово 2 -Виница 2 -Делчево 7 -Кратово 1 -Свети Николе 14 -Кичево 36 -Ресен 6-Неготино 27.

Починати се 41 лице, се седумнаесет пациенти од Скопје (82, 80, 69, 55, 55, 60, 69, 81, 64, 84, 78, 55, 80, 31, 98, 80 и 49г), двајца од Прилеп (56 и 71г), двајца од Велес (76 и 58г), тројца пациенти од Битола (75, 60 и 77г ), четири од Охрид (60, 74, 72 и 66г), еден пациент од Кавадарци (67г), четири од Гостивар (72, 91, 56 и 54г), тројца од Струмица (78, 63 и 70г), еден од Радовиш (67г), еден од Кочани (68г), еден од Пробиштип (85г), еден од Валандово (75г) и еден пациент од Кичево (66г). Од нив еден пациент е починат вон, останатите се починати во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 680 оздравени пациенти од:

-Скопје 274 -Куманово 34 -Дебар 3-Штип 29 -Прилеп 51 -Тетово 43 -Велес 37 -Битола 28 -Охрид 11 -Кавадарци 15 -Гостивар 19 -Гевгелија 6 –Струмица 19 -Крива Паланка 7 -Радовиш 3 -Крушево 4 -Кочани 15 -Пробиштип 5 -Демир Хисар 5 -Македонски Брод 1 -Пехчево 4 -Берово 5 -Валандово 6 -Виница 7 -Делчево 4 -Кратово 3 -Свети Николе 10 -Кичево 20 -Ресен 2 -Неготино 10.

Досега во земјата се направени вкупно 329.086 тестирања на Ковид -19.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 60723, бројката на оздравени пациенти е 37505, на починати е 1699, а бројот на активни случаи изнесува 21519.

Share via
Copy link