Полицијата подели едукативен материјал на најмладите ученици
Секторот за внатрешни работи преку Отсекот за превенција и ПС за БПС Струмица во партнерство со РСБСП во текот на неделата до ООУ “Гоце Делчев”,Василево, ООУ “Гоце Делчев” Босилово, ООУ “Сандо Масев”Струмица, ООУ “Св.Кирил и Методиј”, село.Дабиље, ООУ “Маршал Тито”село Муртино, ООУ “Герас Цунев”село Просениково и ООУ “Гоце Делчев” село Вељуса, до директорите и стручните служби во училиштата дистрибуира околу 300 примерока едукативен материјал за првачињата,Боенки, заштитна маска со слоган: “Јас внимавам во сообраќајот”, хартиено ленирче со аплицирани сообраќајни знаци и распоред за часовите, информираше началникот на Отсекот за превенција, Хризантема Рендевска.
За учениците од второ одделение поделени се Сообраќајни песнарки и Сообраќајни лектири. Целта на ваквите активности е подигање на безбедносната свест кај најмладата категорија учесници во сообраќајот а со тоа и намалување на последиците во сообраќајот.