fbpx

Пожарникарите од Струмица и Радовиш гаснеле пожари на отворено на поголеми површини

 Пожарникарите од Струмица и Радовиш гаснеле пожари на отворено на поголеми површини

Регионалниот ЦУК Струмица, известува дека ТППЕ Струмица, од 19:53 до 21:00 часот со 1 ПП возило и 3 пожарникари и месно население околу 20 луѓе интервенирале на запалена ниска вегетација над црквата „Свети Ѓорѓи во село Дукатино во Општина Василево. Зафатена површина од околу 5 хектари.

ТППЕ Радовиш, во период од 21:10 до 22:10 часот со 1ПП возило и 3 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација во село Јаргулица место Восанци, во Општина Радовиш каде што била зафатена површина од околу 6 хектари.

Фото: архива

Share via
Copy link