Со механизација и рачно се чистеше крајбрежието на Дојранско Езеро
„Комуналец“ почнува со чистење на на дивите депонии и сите јавни зелени површини
Со подобрување на временските услови и покачување на температурите ЈПКД „Комуналец“ почнува со чистење на дивите депонии околу градот, на сите јавни зелени површини низ градот, како и на малите паркови и игралишта за деца кои се наоѓаат помеѓу станбените комплекси.
-Иако поединци се однесуваат несовесно со фрлање на смет насекаде се зголемува бројот на граѓани кои се повеќе се заинтересирани за околината која која ги опкружува, сакаат и заслужуваат почисти дворови, улици, паркови и детски игралишта, и покрај секојдневната работа и апели од страна на ЈПКД Комуналец, Општината и еколошките друштва, несовесноста на некои поединци победува, остава грда слика на нашето секојдневно опкружување. Со зголемување на апелите , со секојдневното наше работење ,совесно однесување на сите поединци се надеваме дека ќе го подобриме и унапредиме изгледот на нашиот град за да добиеме почисти улици и јавни површини, детски игралишта и паркови. Со нашето однесување да дадеме пример и да покажеме дека можеме да имаме уредена, чиста и здрава животна средина, соопштија денеска од струмичкото комунално претпријатие.