fbpx

Пожарникарите од Струмица, Валандово, Гевгелија и Радовиш на Божиќен турнир во мал фудбал

 Пожарникарите од Струмица, Валандово, Гевгелија и Радовиш на Божиќен турнир во мал фудбал

Денес, во спортската сала при СОУУД ,,Димитар Влахов”, во организација на ТППЕ Струмица, се одржа Божиќен турнир во мал фудбал.

На турнирот учествуваа пожарникари-спасители од професионалните противпожарни единици од Југоисточниот регион и тоа од ТППЕ Струмица, ТППЕ Валандово, ТППЕ Гевгелија и ТППЕ Радовиш.

-Се надеваме дека овој турнир ќе прерасне во традиционален, преку кој ќе се разменуваат искуства како на спортски така и на професионален план, информираа струмичките пожарникари.

Share via
Copy link