„Баламов компани“ од Гевгелија победник на новогодишно-божиќниот турнир во Куклиш
Заврши Новогодишно – Божиќниот турнир во мал фудбал 2022/2023 година кој се одржа во спортската сала во Куклиш, а кој финансиски беше поддржан од градоначалникот Костадин Костадинов и Oпштина Струмица.
На турнирот учествуваа 24 фудбалски екипи од повеќе градови во државата кои се натпреваруваа за награден фонд од 190.000 денари.
Првото место го освои екипата на „Баламов компани“ од Гевгелија, второто место го освои „Freight One“ од Радовиш и третопласирана е екипата на „Гостилница кај Џек“ од Скопје.
Наградите на најдобрите учесници на турнирот им ги врачи претседателот на Советот на општина Струмица, Марјан Даскаловски.