fbpx

Кај малолетник од Гевгелија пронајдена марихуана

 Кај малолетник од Гевгелија пронајдена марихуана

На 13.01.2023 во 01:35 часот на локалниот пат Струмица-село Баница, полициски службеници од Полициска станица Струмица извршиле контрола на патничко возило „фолксваген голф“ со струмички регистарски ознаки. При контролата, кај малолетен сопатник од Гевгелија, кој престојувал во Струмица, била пронајдена марихуана, соопштија денеска од СВР Струмица.

Во присуство на родител, со малолетникот бил извршен разговор во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Фото: архива

Share via
Copy link