„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Пожарот во „Глобал“ е изгаснат, штетите ќе се мерат во милиони
Изгорени се над десет продавници, внатрешниот дел каде е сместен пазарот и тезгите, исто така, во најголем дел е изгорен, зафатен е супермаркет во внатрешноста, а пламените јазици зафатиле и делови од првиот, вториот и третиот кат од Трговскиот центар “Глобал“.
Ова е првичниот биланс од големиот пожар кој избувна синоќа по 23:00 часот во ТЦ „Глобал“.
Пожарникарите со натчовечки напори по повеќечасовна борба успееја да ја запрат огнената стихија, која се закануваше целосно да го проголта трговскиот центар, но и да зафати објекти во негова непосредна близина.
Местото на пожарот го обезбедува полицијата, а наоколу е поставена лента.
Екипа на ТППЕ Струмица дежура и внимава да не дојде до нов пожар и интервенира на местата каде се појавуваат пламени јазици.
На одредени места во внатрешниот дел, каде се сместени поголем број тезги и продавници се уште тлее и повремено се појавува оган.
Причините за пожарот дополнително ќе се испитуваат, а засега е извесно дека материјалната штета ќе се мери во милиони.