fbpx

Премиерот Димитар Ковачевски го достави до Собранието предлогот за реконструкција на Владата

 Премиерот Димитар Ковачевски го достави до Собранието предлогот за реконструкција на Владата

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски го достави до Собранието предлогот за реконструкција на Владата со следните кадровските решенија, соопштија денеска од Владата.

За министер кој ќе раководи со Министерството за правда, предложен е Кренар Лога.

За министер кој ќе раководи со Министерството за здравство, предложен е Фатмир Меџити.

За министер кој ќе раководи со Министерството за информатичко општество и администрација, предложен е Азир Алиу.

За министерка која ќе раководи со Министерството за животна средина и просторно планирање, предложена е Каја Шукова.

За заменик на министерката која раководи со Министерството за одбрана, предложен е Тирон Јајага.

За заменичка на министерот кој раководи со Министерството за правда, предложена е Викторија Аврамовска-Мадиќ.

За заменичка на министерот кој раководи со Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, предложена е Вјолца Бериша.

За заменичка на министерот кој раководи со Министерството за здравство, предложена е Маја Манолева.

За заменик на министерот кој раководи со Министерството за образование и наука, предложен е Агим Нихиу.

Share via
Copy link