fbpx

Против пожарната единица на Струмица доби ново теренско возило и опрема

 Против пожарната единица на Струмица доби ново теренско возило и опрема

Еден од главните приоритети на општина Струмица во областа на противпожарната заштита е институционално опремување и зајакнување на капацитетите на Територијалната професионална противпожарна единица, со цел поефикасно справување со пожари, но и справување со кризи од природни катастрофи и елементарни непогоди, објави градоначалникот Коста Јаневски.

-За таа цел општина Струмица изминатиов период со свои средства, набави интервентни одела, работни униформи и заштитна опрема за сите пожарникари кои ги жртвуваат своите животи за да спасат други лица, но и имотите на сите нас, вели Јаневски.

Теренското  возило заедно со целокупната опрема ја сочинуваат модуларен систем од два независни модули-Модул „Шумски пожари” и Модул „Поплави”. Во рамки на двата модула, набавена е придружна опрема, која се состои од систем за гаснење на пожари со екстремно висок притисок, генератор на електрична енергија, водени пумпи, чамец на надувување, осветлувачки јарболи, рефлектори, елеци за спасување, одела за спасувачи, противпожарни палки, заштитни одела, заштитни чизми, дефибрилатор за прва помош на граѓани.

Јаневски додава дека паралелно на тоа, како Општина, интензивно се работи и на изнаоѓање други начини и средства за подобрување на условите за работа на пожарникарите во Струмица, што е главен предуслов како за нивната лична заштита, така и за безбедноста на граѓаните.

-Како резултат на овие активности, во овој период парелелно се спроведуваат три проекти кои се финансирани од Европската Унија, а во чии рамки ќе се набават две противпожарни возила, опрема и заштити одела за потребите на Територијалната професионална противпожарна единица на општина Струмица, подвлече Јаневски.

Во рамките на еден од овие проекти кој е во завршна фаза општина Струмица доби донација на теренско возило за гаснење на шумски пожари, противпожарна опрема и одела, опрема за реакција во случај на поплави и друга специјализирана опрема за реакција при природни катастрофи и катастрофи предизвикани од човекот.

Share via
Copy link