fbpx

ПУШТЕНО ВО УПОТРЕБА ВЕЛОСИПЕДСКО РЕКРЕАТИВНО ИГРАЛИШТЕ – ПАМП ТРАКА

 ПУШТЕНО ВО УПОТРЕБА ВЕЛОСИПЕДСКО РЕКРЕАТИВНО ИГРАЛИШТЕ – ПАМП ТРАКА

Како дел од долгорочната стратегија за еко-урбана мобилност на Општина Струмица, континуирано се реализираат активности за трансформација на Струмица во велосипедски град, соопштија денеска од Општина Струмица.

Во рамки на вториот Меѓународен Фестивал за љубителите на велосипедизмот – “Вело Струмица”, организиранпо повод Светскиот ден на велосипедот – 3 јуни, беше пуштено во употреба новото велосипедско – рекреативно игралиште “Памп патека“. Проектот е финансиран од ИПА програмата за прекугранична соработка,.а неговата реализација се одвиваше во предвидениот рок од 2 месеци.

Новата Памп патека се состои од асфалтни нерамнини и свиоци кои се ритмички поврзани меѓу себе во кружна целина. Оваа патека овозможува забавно и истовремено безбедно спортско искуство за различни генерации, со различни нивоа на вештини. Со користење на Памп патеката, корисниците можат да научат да возат велосипед, додека за поискусните велосипедисти, истото може да служи и како полигон за тренинг. Возењето на Памп патеката е физички интензивно и го зајакнува развојот на моторичките вештини. Со уникатниот дизајн, погодно е за користење велосипеди, тротинети, скејтборди, ролери и друга спортска опрема на тркала. Со својот атрактивен изглед го оживува соседството и станува место за дружба помеѓу генерациите за целата локална заедница.

Новото велосипедско – рекреативно игралиште е јавен простор слободен за употреба од страна на сите граѓани. За максимален бенефит од истото, сите посетители се поттикнуваат најпрво да ги прочитаат препораките за лична безбедност и заштита и да постапат соодветно на нив.

Share via
Copy link