fbpx

Радовишанка потешко повредена во сообраќајка

Вчера во 12:20 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на булевар „Александар Македонски“ во Радовиш се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „опел астра“, со радовишки регистарски ознаки, управувано од М.К.(46) од Радовиш и патничко возило „фолксваген поло“, со швајцарски регистарски ознаки, управувано од М.К.(29) од Радовиш.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила М.К., констатирани во Здравствен дом Радовиш.

Увид на местото извршила екипа на Полициска станица Радовиш.

Share via
Copy link