СВР Струмица соопшти дека вчера во Полициската канцеларија Богданци, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода П.С.(39) од Богданци. На 11.01.2026 околу 21:00 часот во стан во кој престојувале дошло до расправија помеѓу П.С. и неговата мајка М.С.(58) од Богданци, која преминала во физичка пресметка во која П.С. со остри предмети и […]
Денеска, околу пладне е пријавено од СВР Гевгелија дека во Општина Богданци во индустрискиот дел на Општината е пронајдено неексплодирано убојно средство (НУС), соопштија од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Од Дирекцијатастручно лице, пиротехничарот Зоран Пеев, веднаш излегол на лице место и утврдил дека се работи за ретка минофрлачка граната од 70 mm што […]
Декември 2025 година ќе остане запаметен како месец исполнет со културно-уметнички настапи, спортски настани, хуманост и детска радост, објави градоначалникот на Богданци, Блаже Шапов, воедно честитајќи ги Бадник и Божик. Ќе го паметиме по новогодишните концерти на КУД „Мегдан“, каде што играорците преку спојот на традицијата и младоста уште еднаш нè потсетија на богатството што […]
-Денес, со голема радост, ја имав честа да го посетам првороденото бебе на општина Валандово во Новата 2026 година.На 2 јануари 2026 година, општина Валандово го доби својот прв жител во новата година – машко бебе кое го доби прекрасното име Ноа, објави градоначалникот на Валандово, Ѓоко Камчев. -Овој радосен настан претставува симбол на нов […]
Со огромна посетеност и во празнична атмосфера, овој викенд во Гевгелија и официјално започна со работа новиот, најсовремен ЏАМБО (JUMBO) маркет. Сместен во новоотворениот трговски центар „Gevgelija Mall“, реномираниот бренд ја реализираше својата голема инвестиција во јужниот регион, носејќи светско шопинг искуство за локалното население. Отворањето помина во знакот на семејната забава и радоста. Најмладите […]
Премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот на Ново Село, Ѓорѓе Божинов денеска во дворот на ООУ „Видое Подгорец“ го означија почетокот на изградбата на новата училишна спортска сала. -Убеден сум дека сите овие проекти ќе значат додадена вредност во квалитетот на животот на локалното население и ние како Влада ќе продолжиме и понатаму да го испорачуваме […]
Европскиот реномиран бренд ЏАМБО (JUMBO) продолжува со успешна реализација на својата долгорочна стратегија за интензивен развој и пошироко позиционирање на македонскиот пазар. Оваа сабота, 13 декември 2025 година, компанијата пишува ново поглавје во својата деловна приказна со свеченото отворање на својот нов, најсовремен маркет во Гевгелија, сместен во рамките на новоотворениот трговски центар „Gevgelija Mall“. […]
Секторот за внатрешни работи Струмица ги информира возачите дека од 15.11.2025 година започна периодот на задолжително носење зимска опрема во возилата, кој ќе трае до 15 март следната година. Под зимска опрема се подразбира:– За возила до 3500 кг: зимски гуми на сите тркала со минимална длабочина на шарите од 4 мм или летни гуми […]
Синоќа во 00:12 часот во Полициската станица Радовиш е пријавено дека настанал пожар на патничко возило „фолксваген пасат“ со радовишки регистарски ознаки, паркирано на ул.„Михајло Апостолски“ во Радовиш, соопштија од СВР Струмица. Од екипа на Територијалната против пожарна единица Радовиш пожарот е изгаснат, а повредени лица нема. Фото: архива ислустрација
На 16.11.2025 година, (недела), со почеток во 12,00 часот во дворот на црквата Св. Никола во Градошорци, Општина Василево, ќе се одржи традиционалната манифестација Ден на празот. Градоначалникот на општина Василево Славе Андонов преку социјалните медиуми упатува отворена покана до сите граѓани. -Задоволство е да Ве поканиме на манифестацијата „Ден на празот“, која ќе се […]