Центарот за развој на Југоисточниот плански регион ги ивестува граѓаните од општините Струмица, Василево и Радовиш дека третото прскање против комарци ќе се изврши на 31.08.2020 година и 01.09.2020 година, со следниот распоред: 1. На 31.08.2020 година (Понеделник), во период од 20.00 до 02.00 часот во општините Струмица и Василево; 2. На 01.09.2020 година (Вторник), […]
Центарот за развој на Југоисточниот плански регион ги известува граѓаните од општините Струмица, Радовиш и Василево дека се одложува третото прскање против комарци кое беше предвидено да се изврши на 19 Август 2020 година (среда). Прскањето се одложува поради неповолни временски услови, појава на врнежи во предвидениот период, а за спроведување на планираното трето прскање […]
Традиционално и оваа година, под покровителство на Градоначалникот и Советот на општина Радовиш, а во организација на Македонската православна црква, Брегалничка епархија – Храм Св.Троица, општина Радовиш ќе го одбележи чествувањето на патронот и заштитник на градот – Свети Спасо Радовишки. Согласно протоколите и препораките од комисијата за заразни болести при министерството за здравство и […]
Во рамките на проектот „Управување со сливот на река Струмица“, градинари и овоштари, добитници на опрема за воведување на современи агроеколошки мерки од третиот циклус на обуки, денес имаа можност да подигнат дел од опремата и тоа електрични ножици, меѓуредни фрези, тракторки фрези, атомизери и друго. Висината на еден грант изнесува 5.000 евра, а во […]
Вчера околу 21:30 часот на регионалниот пат Радовиш-Штип, крстосница за Неготино, при сообраќајна контрола од полициски службеници од СВР Штип било дадено знак за запирање на товарно моторно возило „волво“ со скопски регистарски ознаки управувано од засега непознато лице, кој бил во придружба со уште едно лице.Возачот го запрел товарното возилото по што веднаш со […]
Во последните 24 часа се направени 1828 тестирања, а регистрирани се 200 нови случаи на ковид-19 во: – Скопје 65– Куманово 14– Дебар 6– Штип 21– Прилеп 3– Тетово 12– Струга 5– Велес 12– Битола 7– Охрид 4– Кавадарци 7– Гостивар 14– Струмица 1– Крива Паланка 1– Радовиш 4– Кочани 5– Пробиштип 3– Демир Хисар […]
Вчера Одделението за внатрешни работи Радовиш до Основно јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против Е.Ш. (23) од село Тополница, радовишко, поради сомнение за сторено кривично дело „родосквернавење“ по член 194 став 1 од Кривичниот законик. Имено, во периодот пред околу еден месец, Е.Ш. извршил обљуба врз неговата баба. Од страна на судија од Основен […]
Вчера во 08:40 часот на крстосница од улиците „Плачковица“ и „Кирил и Методиј“ во Радовиш, М.К.(50) од Радовиш, управувајќи велосипед „макс ски руен 2.0“, изгубила контрола и паднала на коловозот. По незгодата е пренесена во Здравен дом Радовиш, каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото извршила екипа на Полициска станица Радовиш. Извор: […]
Вчера во 16:15 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на регионален пат Радовиш – планина Плачковица, на местото „Еренџе“, се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „јамаха“, со радовишки регистарски ознаки, управуван од Б.Е.(38) од Радовиш и патничко возило „голф“, со радовишки регистарски ознаки, управувано од И.А.(28) од Радовиш. Во незгодата, со тешки телесни […]
Во Струмица се регистрирани четири нови случаи на заразени од ковид-19, а во регионот во Радовиш-1 и Гевгелија три нови случаи. Нема починати пациенти. Во последните 24 часа се направени 1077 тестирања, а регистрирани се 152 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 39-Куманово 20-Дебар 8-Штип 14-Прилеп 1-Тетово 9-Струга 13-Битола 5-Охрид 3-Кавадарци 5-Гостивар 15-Гевгелија 3-Струмица 4-Радовиш […]