fbpx

Рекордни 80 новозаразени во Струмица, само 11 оздравени од Ковид-19

 Рекордни 80 новозаразени во Струмица, само 11 оздравени од Ковид-19

Во последните 24 часа се направени 3294 тестирања, а регистрирани се 1085 нови случаи на ковид-19 во:

-Скопје 447-Куманово 69-Дебар 9-Штип 39-Прилеп 60-Тетово 62-Струга 14-Велес 50-Битола 28-Охрид 18-Кавадарци 20-Гостивар 35-Гевгелија 29-Струмица 80-Крива Паланка 10-Радовиш 9-Крушево 3-Кочани 13-Пробиштип 10-Демир Хисар 2-Македонски Брод 1-Берово 2-Валандово 6-Виница 4-Делчево 10-Кратово 4-Свети Николе 5-Кичево 30-Ресен 4-Неготино 12.

Починати се 12 лица, тројца пациенти од Скопје (67, 68 и 52г), еден од Куманово (27г), тројца од Прилеп (81, 82 и 49г), двајца пациенти од Тетово (87 и 77г), еден од Битола (84г), еден од Кавадарци (67г) и еден пациент од Гостивар (65г). Сите се починати во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 283 оздравени пациенти од:-Скопје 142-Куманово 8-Штип 7-Прилеп 11-Тетово 21-Велес 6-Битола 13-Кавадарци 18-Гостивар 6-Гевгелија 9-Струмица 11-Крива Паланка 1-Радовиш 1-Крушево 1-Кочани 7-Пробиштип 1-Берово 1-Валандово 2-Виница 1-Свети Николе 1-Кичево 10-Неготино 5.

Досега во земјата се направени вкупно 249.399 тестирања на Ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 31572, бројката на оздравени пациенти е 20731, на починати е 994, а бројот на активни случаи изнесува 9847.

Share via
Copy link