fbpx

Се чистеше отворениот канал во Ангелци

 Се чистеше отворениот канал во Ангелци

Екипа на ЈПКД „Турија“,  во рамки на своите работни активности, го чистеше отворениот атмосферски канал во населеното место Ангелци.

Активноста се изведува на потегот кај селските гробишта во должина од околу стотина метри. Со механизација и рачно се отстранува наносот од тиња, кал и вегетација со што практично му се враќа функционалноста.

Увид во активноста изврши градоначалникот на Oпштина Василево, Славе Андонов.

Share via
Copy link