fbpx

Се одржа Купот на риболовци на браната Водоча

 Се одржа Купот на риболовци на браната Водоча

Во организација на Синдикална организација при ЈПКД „Комуналец“ Струмица, викендот беше одржан „Третиот куп на риболовци“ на акумулацијата Водоча.

На натпреварот покрај дваесетина љубители на природата и риболовци вработени во ЈПКД „Комуналец“, како гости беа присутни и претставници од ЈП „Паркиралишта“ Струмица како и вработени во ЈП „Плаваја“ од Радовиш.

Кај вработените во струмичкото комунално претпријатое, првото место го освои Санде Трендафилов, второто Душко Стојанов, а третото место му припадна на Стефан Божинов.

Кај гостите најуспешен беше Митко Кусиванов од ЈП „Паркиралишта“ Струмица.

Натпреварот помина во одлична атмосфера и дружба меѓу сите присутни, а на крајот на заедничка средба најдобрите добија признанија и награди.

Share via
Copy link