Костадинов: фали намалување од 0.001 грам манган на литар вода за да добиеме пак питка вода
Села од Општина Струмица опфатени со јавниот превоз со електрични автобуси
На денешната свеченост за промоцијата на градскиот електричен јавен превоз, директорот на ЈП „Струмица транспорт“, Драги Поп Стојанов ги соопшти линиите по кои ќе сообраќаат десетте електрични автобуси. Има вкупно седум линии, од кои шест ќе функционираат секој ден, а седмата во недела.
- Велуса – Водоча – Баница – Струмица – Градско Балдовци
- Струмица – Просениково – Добрејци
- Струмица – Дабиле – Муртино – Банско и една со Сачево
- Струмица – Куклиш – Свидовица -Банско
- Кружна градска линија
- Струмица – Раборци – Костурино