fbpx

Скратени парите за новогодишно украсување на Струмица, ќе блеска само плоштадот

 Скратени парите за новогодишно украсување на Струмица, ќе блеска само плоштадот

На денешната седница на Советот на општина Струмица советниците едногласно го прифатија предлог на градоначачникот Костадин Костадинов за намалување на средствата за новогодишно украсување на градот.

Имнео, во буџетот за 2021 година беа планирани 1,5 милиони денари, а со денешниот ребаланс се намалени на 400 илјади денари.

-Со овие средства ќе го украсиме само градскиот плоштад, каде што е и најголема фреквенцијата на луѓе за новогодишните празници. Причината за ваквата одлука е енергетската криза којашто ја прогласи Владата, ја има и во Европа, а ние ја почитуваме, истакна Костадинов на денешната седница на Советот.

Share via
Copy link