fbpx

Со „Големи уметници на големата сцена“ заврши одбележувањето на патрониот празник на Струмица

 Со „Големи уметници на големата сцена“ заврши одбележувањето на патрониот празник на Струмица

Со манифестацијата „Големи уметници на голема сцена“, којашто се одржа синоќа, заврши програмата со која општина Струмица го одбележа 11 Декември, Денот на заштитниците на Струмица – Светите петнаесет тивериополски свештеномаченици.

Големата сала на НУЦК „Антон Панов“ беше претесна да ги прими сите заинтересирани кои сакаа да присуствуваат на овој концертен перформанс, на кој настапија вработени од струмички предучилишни установи, основни и средни училишта, како и гости од скопско Трубарево.

Share via
Copy link