„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Со првата предфестивалска вечер стартуваше Фолк фест „Валандово“
Со првата фестивалска вечер, на која настапија Жељко Самарџиќ, Јоце Панов и Распеани валандовчани синоќа на Градскиот плоштад во Валандово стартуваше 36.издание на Фолк фест „Валандово“.
Вечер со Ефто Пупиновски, Ана Бекута и „Куку леле“ продолжува предфестивалската забава,а главната фестивалска вечер ќе се одржи утре во фестивалската сала „Јанко Узунов“, а на сцената ќе бидат исполнети 20 новосоздадени македонски песни.
Наградата за животно дело годинава ќе му се додели постхумно на пејачот Ѓоко Дончев, а во паузата на гласањето на фестивалската вечер ќе биде изведен омаж за починатиот музичар, Милан Завков.
Наградите се доделуваат со гласање на публиката во салата и стручното жири, а фестивалската вечер ќе биде директно пренесувана на МТВ.
Фото: Општина Валандово