„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Со стартот на изградбата на новата котларница, почна гасификацијата на болницата
-Овој зафат, за мене лично како градоначалник и за општина Струмица има големо значење. Болницата, неколку години наназад беше посочувана како еден од загадувачите во нашата Општина бидејќи затоплувањето се вршеше со нафта и секако оние мерни станици коишто ги поставивме на почетокот од овој 3-4 годишен период, покажаа дека и општина Струмица, иако немавме такви сознанија, мора да се загрижи за квалитетот на амбиенталниот воздух, рече градоначалникот Коста Јаневски на почетокот на изградбата на новата котларница.
-Правевме заеднички напори со Владата на Република Северна Македонија, болницата и јавното претпријатие „Струмица Гас“ за да се обезбеди вкупната вредност на оваа инвестиција која изнесува 6.900.000 денари, од кои 5 милиони денари се обезбедени преку Генералниот секретаријат на Владата и 1.900.000 денари преку Министерството за здравство.
Свој влог секако имаше и Општината. Покрај големата желба и упорност ова да се реши, му дадовме целосно задолжување и поддршка на Јавното претпријатие за енергетски дејности „Струмица гас“ за спроведување на целата постапка, како најкомпентентни за оваа дејност, којашто вклучува спроведување на тендерска постапка за изработка на проект, изградба на котлара, набавка и поставување на потребната опрема и приклучување на гасоводната мрежа.
Ова значи уште една потврда на исполнување на нашите заложби за чиста средина во нашата Општина и во тој контекст продолжува една тенденција што повеќе јавни установи и приватни потрошувачи да се приклучат на гас, изјави Јаневски.