„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Старец починал во пожар во Конче
Вчера во 16:44 часот во СВР Струмица било пријавено дека во село Конче, радовишко, настанал пожар во куќата на П.В.(52), при што починал неговиот татко В.В.(78).
Пожарот бил изгаснат од жители на селото, а увид на местото извршиле Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Радовиш, инспектор по пожари и екипа на ОВР Радовиш.
Телото на починатиот било предадено на семејството.
Фото илустрација: архива