Полицијата поднесе кривична пријава против Д.П.(26), Г.В.(49), двајцата од Струмица и против правно лице – финансиско друштво од Скопје, поради злоупотреба на лични податоци. Од МВР соопштија дека жена ги злоупотребила личните податоци на друго лице за добивање на брз кредит во износ од 90.000 денари, кој ѝ бил одобрен од одговорно лицето во финансиското […]
-Нема поголема чест за еден градоначалник, кога позитивните искуства од општинското работење ги пренесува надвор од државата, како пример којшто треба да се следи и почитува.Токму таа чест ја имав денеска на работилницата на Регионалниот хаб на Мрежата на силни градови за Западен Балкан, која се одржува во Будва, Црна Гора, објави градоначалникот Костадин Костадинов. […]
Денес во НУЦК „Антон Панов“, по иницијатива на градоначалникот Костадин Костадинов, се одржа настан посветен на првачињата од струмичките основни училишта кои на 1 септември за првпат го пречекорија училишниот праг. Специјално за нив беше изведена театарската претстава „Пат околу светот“, на која и претходеше обраќање на градоначалникот Костадинов, со кое на првачињата им посака […]
Струмица вечерва беше домаќин на отворената трибина Македонски труд – европска социјална политика во кампањата „Ние сме Европа“ којашто се одржа во Амфитеатарот во градскиот парк. Учесниците на трибината прв ги поздрави градоначалникот Костадин Костадинов, кој во своето обраќање ги презентираше европските вредности кои Струмица одамна ги практикува. -Има ли поубаво место да се зборува […]
Градоначалникот Костадин Костадинов, попладнево имаше средба со заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ и министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска. На средбата во неговиот кабинет разговараа на актуелни теми од работата на локалната и централната власт и взаемната соработка во областа на социјалната заштита и европските политики и перспективи. Со […]
Учениците и вработените во основното музичко училиште „Боро Џони“ новата учебна година ја започнаа во нови и современи простории. Со реконструкцијата којашто започна во декември минатата година, надграден е уште еден кат со нови кабинети, училници, канцеларии и помошни простории, како и нов покрив и нова термо фасада на целиот објект. Градоначалникот Костадин Костадинов со […]
Со Центарот за дневен престој на лица со попреченост со вклучен индивидуален третман и Услугата индивидуален третман, општина Струмица ги збогати социјалните и инклузивните услуги, со што останува најинклузивната Општина во државата. Градоначалникот Костадин Костадинов, координаторот за имплементација на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост Спасе Додевски, претседателот на Советот Марјан Даскаловски, […]
-Храбри, одговорни и пожртвувани професионалци, потврдени во многу домашни и меѓународни спасувачки мисии, тоа се нашите струмички пожарникари.Тие се чувари на Струмица, на нашите животи и имоти од пожари и други елементарни непогоди и несреќи.Што и да направиме за нив е секогаш малку. Неизмерната почит и благодарност кон нив, заедно со членовите на Советот, ја […]
Локалниот совет за превенција денеска ја одржа 13-та работна конференција на која што присуствуваа и директорите на основните и средните училишта и претставници од Советите на родители, а на дневен ред беа теми од областа на образованието. Градоначалникот Костадин Костадинов го истакна задоволството што конечно со изборот на денешните теми, Локалниот совет за превенција започнува […]
Денеска започна изградбата на затворениот базен во Струмица во спортско-рекреативниот дел на градот, кај пам патеката, во близина на АТШ Берово и е уште една потврда за успешната соработка на Општината со Агенцијата за млади и спорт. Градоначалникот Костадин Костадинов и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски, денеска беа на увид на […]