fbpx

Струмичанец вршел јавен превоз без потребни документи

 Струмичанец вршел јавен превоз без потребни документи

На 11.05.2023 година во 07:00 часот во Богданци полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Гевгелија извршиле контрола над патничко возило „мерцедес“ со струмички регистерски ознаки, управувано од Н.Ј. (53) од Струмица, соопштија денеска од СВР Струмица.

При контролата било констатирано дека лицето со возилото врши јавен превоз на патници на релација Струмица-Богданци, без да поседува соодветна документација за тоа.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Фото: архива

Share via
Copy link