fbpx

Струмичкиот карневал во редуцирано издание ќе се одржи од 2 до 9 март

 Струмичкиот карневал во редуцирано издание ќе се одржи од 2 до 9 март

-Со организациониот одбор на карневалот договорено е оваа година да има карневал во редуцирано издание и со строго почитување на здравствените протоколи за јавни настани во услови на пандемија од Ковид – 19, информираше денеска градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.

Главната карневалска вечер ќе се одржи на 5 март и оваа година новина е тоа што во карневалското дефиле со скратена маршрута ќе учествуваат само домашни карневалски групи и поединци без учесници од странство како што тоа беше во годините пред пандемијата од Ковид – 19, но само со 1 до 2 претставници на градовите со кои долги години постои соработка и взаемно учество на карневалите.

Карневалските празнувања ќе траат 8 дена. Ќе започнат на 2 март со предавање на клучот од градот на карневалџиите, а ќе завршат на 9 март на празникот Тримери со тримерски ручек и враќање на истиот.

Во овие 8 денови ќе ги има традиционалните карневалски содржини, концерт под маски на музичкото училиште „Боро Џони“, маскенбал, детски карневал, бел грав на градскиот плоштад, доделување на награди на најдобрите карневалски маски, афоризми, карикатури и литературни творби на тема карневал, карневалско село – забава на плоштадот, а ќе биде промовирана и Монографија по повод 30 – годишниот јубилеј.

Share via
Copy link