fbpx

Струмичките пожарникари добија нова лична заштитна опрема

 Струмичките пожарникари добија нова лична заштитна опрема

-Како резултат на континуираната заложба и посветеност на Општина Струмица за опремување на пожарникарите-спасители со лична и заедничка заштитна опрема, а со самото тоа и подигнување на нивото на заштита на граѓаните од секакви природни и други несреќи, денес во ТППЕ Струмица пристигна нова лична заштитна опрема, објавија пожарникарите.

Опремата се состои од специјална заштитна интервентна облека, чизми, ракавици, како и дневна работна облека.

Share via
Copy link