Во Струмица одбележана 121 годишнината од загинувањето на Гоце Делчев
Струмичките пожарникари втор ден по ред го снабдуваат со вода селото Мемешли
Заради пресушување на бунарите во селото Мемешли, втор ден по ред струмичките пожарникари со цистерна ги снабдуваат со вода тамошните жители.
Според командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев, жителите доставиле барање до Општина Струмица за да добијат вода за одржување хигиена и напојување на стоката.
-Водата не е за пиење, туку за лични потреби и за напојување на стоката. Со вода за пиење се снабдуваат од извори, а со доставување на вода ќе продолжиме се додека има потреба од тоа, изјави Гудев.
Во Мемешли живеат околу педесетина жители од турската национална заедница.