fbpx

Tројца починати, 6 нови и 10 оздравени од Ковид-19 во Струмица

 Tројца починати, 6 нови и 10 оздравени од Ковид-19 во Струмица

Во последните 24 часа се направени 2.778 тестирања, а регистрирани се 256 нови случаи на КОВИД-19:

• Скопје – 160• Куманово – 32• Прилеп – 9• Охрид – 8• Кавадарци, Струмица-6 и Струга – по 6• Битола и Ресен – по 5• Крива Паланка – 4• Велес – 3• Тетово, Гостивар и Кичево – по 2• Штип, Свети Николе, Дебар, Радовиш, Кратово и Македонски Брод – по 1.

Пријавени се 31 починато лице: 9 починати лица од Скопје (86г, 78г, 75г, 71г, 70г, 65г, 59г, 56г и 46г), 6 починати лица од Гостивар (83г, 73г, 71г, 65г, 65г и 60г), по 3 починати лица од Тетово (68г, 67г и 62г), Куманово (84г, 78г и 72г) и Струмица (72г, 68г и 54г), 2 починати лица од Кичево (55г и 49г) и по едно починато лице од Битола (81г), Велес (76г), Гевгелија (18г), Дебар (62г) и Македонски Брод (38г). Од пријавените 27 се починати во болнички услови и 4 се починати во домашни услови.

Регистрирани сe 545 оздравени пациенти од:

• Скопје – 172• Тетово – 171• Гостивар – 50• Кавадарци – 18• Кичево – 16• Прилеп и Битола – по 12• Струмица-10, Штип и Свети Николе – по 10• Ресен – 8• Крива Паланка – 6• Велес, Радовиш, Делчево и Кратово – по 5• Пробиштип и Македонски Брод – по 4• Неготино и Берово – по 3• Охрид, Струга, Кочани, Гевгелија, Богданци, ДемирХисар и МакедонскаКаменица – по 2• Виница и Валандово – по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 1.206.597 тестирање на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 181.875, бројката на оздравени пациенти е 162.060, на починати е 6.184, а бројот на активни случаи изнесува 13.631

Share via
Copy link