На 06.11.2026 во село во општина Ново Село, полициски службеници од СВР Струмица лишија од слобода 62-годишен жител на тоа село, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом агресивно се однесувал кон неговата 57-годишна сопруга. Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, а за настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. […]
Tags : Полициски билтен
На 31.10.2026 година во село Ињево, радовишко, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода В.М.(39) од истото село. Тој се сомничи дека ноќта на 30/31.10.2026 година извршил две тешки кражби во продавници во с. Ињево, од каде одзел пари и цигари. Врз основа на судска наредба извршен е претрес во неговиот дом, […]
На 27.10.2026 во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода Б.Б.(53) од село Василево, струмичко, затоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана. На 28.10.2026, со судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени 13 бели печурки за кои постои сомневање дека содржат психоактивни својства и […]
На 09.10.2026 година во 13:50 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода М.Н. (46) од село Моноспитово, струмичко. При извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.По извршениот службен разговор, лицето доброволно предало и две пластични шишиња исполнети со марихуана од неговиот дом.За настанот бил известен јавен обвинител, а по целосно […]
На 26.09.2026 во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода Ќ.Р.(41) од Струмица. Тој околу 03:00 часот на ул.„Бетовенова“ во Струмица агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени задачи и физички нападнал двајца од нив. Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, а за настанот бил запознаен јавен обвинител. По […]
На 24.09.2026 во 14:00 часот во село Конче, Општина Конче, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода Б.У.(20) од истото село. Тој се сомничи дека во 2024 и 2025 година, заедно со Д.А.(20) од село Конче, извршиле четири кражби на тутун од сушари сопственост на жители на селата Конче и Тополница. Во […]
На 08.09.2026 во 17:45 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода Т.С.(68) од радовишко село. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко моторно возило со радовишки регистарски ознаки, кое го управувал Т.С, и по преземени мерки било констатирано дека го управува под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,71 промили алкохол во […]
На 02.09.2026 во 22:55 во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода Г.М.(48) од Струмица. При претрес во неговиот дом извршен со судска наредба била пронајдена марихуана. Известен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. На 02.09.2026 во 10:00 часот […]
На 01.09.2026 во 15:45 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш ги лишија од слобода Х.А.(28) од Радовиш, Д.П.(22) од с.Злеово, радовишко и Ј.П.(26) од село Подареш, радовишко. При претрес во домот на Х.А, извршен со судска наредба, била пронајдена марихуана, за која во службен разговор изјавил дека во неговиот дом претходно ја […]
На 20.08.2026 во 02:00 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица–ОВР Радовиш го лишија од слобода С.Г.(32) од Радовиш. При преглед кај него бил пронајден кокаин. Лицето е задржано во Полициската станица Радовиш, а за настанот е запознаен јавен обвинител. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. На 20.08.2026 во 15:25 часот во СВР Струмица е […]