Tags : Струмица

Бадникарски концерт и Бадникова поворка во Струмица

Денеска во Струмица, во организација на  Фондацијата „Елеуса“ при Струмичката епархија и Школата за веронаука при храмот ,,Свети Кирил и Методиј”, а со поддршка на Општина Струмица, се одржаа традиционалниот Бадникарски концерт и Бадниковата поворка. Поворката тргна од Црквата „Свети Кирил и Методиј“, а во општинската зграда ги пречекаа градоначалникот Костадин Костадинов и Викарниот епископ […]

Утре во Струмица ќе се одржи Бадникарски концерт

Утре на Бадник Фондацијата „Елеуса“ при Струмичката епархија и Школата за веронаука при храмот ,,Свети Кирил и Методиј”, под покровителство на Општина Струмица и годинава традиционално го организираат Бадникарски концерт и Бадниковата поворка. Одбележувањето на Бадник ќе почне со Бадникарска литија од Црквата „Свети Кирил и Методиј“, која ќе се движи до зградата на Општина […]

Струмица го доби најновиот жител-првото бебе е машко

-Струмица е побогата за уште еден жител, прв во Новата година. После само еден час и 10 минути од доаѓањето на Новата 2024 година, на Одделението за гинекологија и акушерство при ЈЗУ „Општа Болница Струмица“ се роди здраво машко дете, тешко 3.350 кг. По царски рез, бебето на свет го донесе струмичанката Љубинка Терзиева, како […]

Полициски билтен:физички пресметки во Радовиш и Струмица, кај Јосифово потешко

На 30.12.2023 година во 03.00 часот во Полициската станица Радовиш биле приведени Ф.И. (24) од Радовиш и Д.Т. (23) со престојувалиште во село Јаргулица, радовишко, кои претходно на булевар „Александар Македонски“ во Радовиш го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка. Лицата се задржани во полициската станица Радовиш и по целосно документирање на случајот против нив ќе […]

Загадувањето на воздухот на дневен ред на седница на Локалниот

Состојбата со аерозагадувањето беше главната тема на денешната 15-та работна конференција на Локалниот совет за превенција на општина Струмица. На конференцијата покрај редовни членови на Советот, присуствуваа претставници од граѓанскиот сектор, граѓани, претставници на надлежни институциии, како Македонски шуми, Државниот инспекторат за животна средина и локалните инспекции. По дебатата за актуелната состојба, причините и решенијата, […]

Отворен Новогодишниот базар во Струмица

Со интерактивната музичка претстава за деца „Возможната мисија на Paw Patrol и Снешко Смешко“ денеска на градскиот плоштад беше отворен Новогодишниот базар Струмица 2024. -Тој е уште едно предновогодишно изненадување и надополнување на предновогодишната атмосфера од градоначалникот Костадин Костадинов и општина Струмица, а кое им се допадна на граѓаните бидејќи го наполнија плоштадот, а најбројни […]

Полициски автомобил удрил во пешак во Струмица

Вчера во 15:55 часот во СВР Струмица било пријавено дека на булевар „Маршал Тито“ во Струмица, патничко возило „шевролет спарк“, сопственост на МВР, удрило во пешакот М.В.(53) од Струмица. Во незгодата со телесни повреди се здобил М.В., констатирани во болницата во Струмица. Увид на местото извршила екипа од СВР Струмица.

СВР Струмица поднесе две кривични пријави против вработен во ЈП

МВР денеска соопшти дека во првиот случај тој се сомничи дека сторил кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 и „фалсификување исправа“ по член 378 став 1 од Кривичниот закон. На 21.10.2023, полициски службеници од СВР Струмица извршиле контрола на товарно возило во кое две лица од село Банско, струмичко, превезувале […]

Два физички напади во Струмица и Пиперево

На 12.12.2023 година во 09.10 часот во Полициската станица Струмица И.Т.(45) од село Баница, струмичко, пријави дека на 11.12.2023 година околу 17.00 часот на плоштад во Струмица бил физички нападнат од М.Т. и Д.Т. од село Баница. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 12.12.2023 година во 17.35 часот во Полициската станица Струмица К.Р. (65) од село Пиперево, […]