fbpx

Tags : Струмица

Костадинов:Осум пожарникари од Струмица заминуваат во спасувачка мисија во Турција

-Потресен сум и неизмерно тажен од вознемирувачките информации за разорниот земјотрес кој рано наутро ги погоди југоисточниот дел на Турција и Сирија. Таквите катастрофи, само ни укажуваат на фактот колку е немоќно човештвото пред моќта на природата и нејините законитости. Но, во исто време, таквите случувања ни даваат до знаење колку треба да бидеме хумани […]

Владо Милев спортист на Струмица за 2022 година

Под покровителство на Градоначалникот и Советот на општина Струмица, а во организација на Општинскиот Сојуз на училишни спортови, синоќа во хотелот „Сириус“ по јубилеен 60-ти пат беа избрани и прогласени најдобрите и најуспешните спортски екипи, тренери и спортисти во општина Струмица за 2022 година. Покрај спортистите на „Изборот на спортист на годината“ присуствуваа и награди […]

Струмица ја одбележа годишнината од раѓањето на Гоце Делчев

Општина Струмица денеска гордо и достоинствено одбележа 151 година од раѓањето на апостолот на македонското револуционерно движење, Гоце Делчев. Пред споменикот подигнат во негова чест, за животот и делото на Делчев зборуваше градоначалникот Костадин Костадинов кој потенцираше дека Гоце за Македонија се бореше, за Македонија ги негуваше своите социјалистички и револуционерни идеи и за истата […]

Костадинов со директорот на Агенцијата за туризам разговараше за туристичките

-Убаво е чувството кога си градоначалник на Општина со големи потенцијали во повеќе области, но и препозната силна волја за нивно максимално искористување.Со директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Љупчо Јаневски, денеска разговаравме за туристичките потенцијали на нашата Струмица, објави градоначалникот Костадин Костадинов. -Струмица е позната културно историска туристичка дестинација, којашто сериозно […]

ТРАЈНО РЕШЕН ПРОБЛЕМОТ СО БЕЗДОМНИТЕ КУЧИЊА ВО СТРУМИЦА

Врз основаната потреба од постоење на единица за соодветен третман на бездомни кучиња во Струмица и нејзината околина, како резултат на решителноста на општинската администрација и градоначалникот на Општината, денес со работа започнува современиот стационар “Лана“, соопштија од Општина Струмица. Основна цел на постоењето на Јавното претпријатие за заловување бездомни кучиња “Стационар Лана – Струмица“ […]

Преку „Систем 48“ решени 710 проблеми на граѓаните

Преку општинскиот сервис за пријавување на комунални проблеми „Систем 48“ во изминатата 2022 година биле решени 710 проблеми од вкупно пријавените 765 од страна на граѓаните. За останатите 55 е потребно повеќе време и истите се проследени до надлежните служби и се во процес на решавање, информираа денеска од Општина Струмица. Најголем број од пријавите […]

Во село во скопско пронајден пиштол украден од домот на

На 25.01.2023 полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, од Секторот за насилен криминал и од Единицата за недозволена трговија со оружје при СВР Скопје бил лишен од слобода И.Б.(57) од село Копаница, скопско, соопштија денеска од МВР. Имено, по претходно добиена судска наредба […]

Обвинителство:Насилна смрт на жена во Струмица, се трага по сторител

Првичните резултати од обдукцијата што јавниот обвинител ја нареди врз почината 83-годишна жена од Струмица упатуваат на тоа дека станува збор за насилна смрт, соопштија денеска од Јавното обвинителство. Кај починатата чие тело беше откриено на 20 јануари во куќа во Струмица се откриени траги кои упатуваат на тоа дека смртта настанала како последица на […]

Отворено инклузивно игралиште во градинката „Детска радост“

Градоначалникот Костадин Костадинов, министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска и директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат Рената Младеновска, денеска го отворија инклузивното игралиште во клонот 3 на градинката „Детска радост“ во Струмица и поделија дополнителни играчки на дечињата. -Пуштањето во употреба на инклузивното игралиште е плод на одличната соработка помеѓу општина Струмица […]

Старицата во Струмица убиена со давење или задушување

М.Б. (83) од Струмица која беше пронајдена мртва во петокот попладне во својот дом е убиена со давење или задушување. Такви се првичните информации од истрагата што ја води ОЈО Струмица и првичните резултати од обдукцијата, кои покажале дека смртта настапила по насилен пат. Од обвинителството информираат дека интензивно се работи на расчистување на случајот […]