fbpx

Tags : Струмица

МВР за смртта на старицата во Струмица

Вчера во 14:20 часот од страна на лекар од Итна медицинска помош Струмица во Секторот за внатрешни работи Струмица било пријавено дека во куќа на ул.“Димитар Цветинов“ во Струмица била пронајдена почината М.Б.(83), соопштија денеска од МВР. Увид на местото извршиле Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, доктори од Институт за судска медицина и […]

Телото на починатата старица предадено на обдукција

Телото на починатата 83-годишна старица која вчера беше пронајдена мртва во куќа на улица „Димитар Цветинов“ во Струмица е предадено на обдукција. Синоќа е извршен увид од страна на јавен обвинител од ОЈО Струмица, а причините за смртта на старицата, како таа се случила и дали се работи за природна или насилна смрт ќе се […]

Пронајдена почината жена во Струмица

Денеска во Струмица е пронајдена почината жена на 83 годишна возраст. Информацијата за смртта на жената ја потврдија од СВР Струмица, од каде портпаролката Александра Трајанова додаде дека полицијата пријавата за почината жена ја добила од болницата. Полицијата моментно врши увид, а повеќе информации од полицијата најавуваат за подоцна.

Светиот крст во Струмица го фати Љубе Шопов

Триесетгодишниот Љубе Шопов од Струмица денеска го фати светиот крст во водите на базенот „Аквариус“ во Струмица. Тој најбргу стигна до крстот по кој скокнаа дваесет граѓани. Претседателот на Советот на Општина Струмица на Шопов му врачи Плакета-православен крст, а доби и подароци од спонзорите. Фаќањето на крстот на Шопов му го честиташе и градоначалникот […]

Едно лице загина во пожар во куќа во Струмица

Синоќа во 20:54 часот во Полициска станица Струмица било пријавено дека настанал пожар во куќа сопственост на А.Е.(63) на улица „Пиринска“ во Струмица, во која било пронајдено и едно починато лице, информираше портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова. Во гаснењето на пожарот, кој избувнал на покривот на куќата, учествувапе 3 против пожарни возила и 9 […]

Уапсен крадец од Струмица, само неколку часа се радувал на

На 10.01.2023 во 23.50 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Ѓ.А.(39) од Струмица. Тој се сомничи дека околу 19:00 часот извршил тешка кражба во продажен објект во Струмица, при што одзел пари, соопштија денеска од СВР Струмица. По наредба на Основен суд Струмица бил извршен претрес […]

Првиот снег во Струмица ќе паѓа на 9 јануари

Првиот снег во Струмица ќе паѓа во ноќта меѓу 8 и 9 јануари. Според прогнозата на сајтот Foreca.com: Weather снегот кој ќе паѓа во Струмичко ќе биде засилен со северен ветер, но заради повисоките дневни температури не се очекува да се задржи и да предизвика посериозни проблеми. Повеќе на: https://www.foreca.com/100785380/Strumica-Macedonia/hourly?day=8

Костадинов: Струмица добива затворен базен!

Струмица добива затворен базен! За крај како градоначалник од збор, сакам да ја заокружиме годината со уште еден проект.Вчера е објавена јавната набавка за изградба на затворен базен во Струмица, објави денеска градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов. -Мои струмичани од градот и од населените места, нека ви е со среќа уште еден значаен капитален проект.2022 […]

Пронајдени 5.624 парчиња пиротехнички средства при претреси во Радовиш и

Вчера во 14:15 часот во Радовиш, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш го лишиле од слобода А.Ш. (31) од  Радовиш. При претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени 4786 парчиња разновидни пиротехнички средства, соопштија денеска од СВР Струмица. Истиот ден, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица ги лишиле од слобода З.М.(41) и Е.Х. (34), двајцата […]

Сите училишта во Струмица склучија договори за снабдување со електрична

Согласно Одлуката на Владата на Република Северна Македонија од 30 октомври годинава, за преземање мерки во услови на постоење кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија, сите основни и средни училишта од општина Струмица поднесоа документи во предвидениот рок и склучија договори за снабдување со електрична енергија со ЕСМ Продажба ДООЕЛ, по цена од 95 […]