fbpx

Тројца повредени во сообраќајна несреќа во Струмица

 Тројца повредени во сообраќајна несреќа во Струмица

Попладнево во 16:30 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на крстосницата од улиците „Климент Охридски“ и „Братство Единство“ во Струмица се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шевролет“ со струмички регистарски ознаки, управувано од В.Б.(77) од Струмица и товарно возило „фиат“ со струмички регистарски ознаки, управувано од К.Л.(45) од Струмица, соопштија од СВР Струмица.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на товарното возило К.Л., а со телесни повреди се здобиле возачот В.Б. и сопатникот во патничкото возило Г.Б.(75), констатирани од лекар во Медицински центар Струмица.

Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

Share via
Copy link