Владата на Република Северна Македонија, на барање на Министерството за здравство, одржа вонредна седница, поради најавите за топлотен бран во државава и донесе соодветни препораки. Од Институтот за Јавно здравје и метео-алармот на Управата за хидрометеоролошки работи се добиени информации дека на 11.06.2024 (вторник) и 12.06.2024 година (среда), територијата на градовите Гевгелија, Богданци, Валандово и […]
Tags : Валандово
МВР соопшти дека вчера околу 13:30 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека во двор на основно училиште во Валандово, мотоцикл, управуван од малолетник од Валандово, удрил во малолетен пешак од село Пирава, валандовско. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Здравствен дом Валандово. Увид бил извршен.
Вчера во Полициската станица Валандово било пријавено дека околу 06:20 часот на ул.„Маршал Тито“ во Валандово бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.А.(43) од село Баница, струмичко и Б.Б.(69) од село Раброво, валандовско, соопштија денеска од СВР Струмица. По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Вчеравечер како носител на Изборната единица 4, Венко Филипче го посети Општинскиот изборен штаб во Валандово. Оттаму порача дека по објава на носителите за претстојните парламентарни избори, СДСМ добива зголемена и силна поддршка на терен. „По една недела на терен и средби со граѓани, морам да истакнам дека се чувствува обединетоста и мобилизација на гласачите […]
Вчера во 20:10 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека на булевар „Првомајска“ во Валандово, патничко возило „фиат пунто“ со валандовски регистарски ознаки, удрило во бетонски остров на булеварот, соопштија денеска од СВР Струмица. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот А.Ј.(54) од село Пирава, валандовско, констатирани во Медицински центар Гевгелија. Увид на […]
Регионалниот ЦУК Струмица, известува дека пожарникарите од ТППЕ Валандово од 13:05 до 15:55 часот, со 2 против пожарни возила и 4 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација, капини и овоштарник на површина од 3 хектари кај местото „Извор“ кај село Собри; Во период од 15:50 до 16:25 часот, со 1 ПП возило и 3 пожарникари […]
Според информацијата од Центарот за управување со кризи (ЦУК), ТППЕ од Гевгелија имала две одделни интервенции заради запалена ниска вегетација и трска кај селата Селимли и Богородица. Пожарникарите од Валандово гаселе кај село Удово, месност „Адата“ на површина од 0,5 хектари. Фото: архива
Центарот за развој на Југоисточниот плански регион го спроведува проектот „Рано откривање на пожарите и нивно движење за превенција и справување со катастрофи – eFIDAR“. Центарот е проектен партнер во овој проект и го имплементира заедно со Регионот на Централна Македонија, Грција и Центар за управување со кризи, Република С. Македонија. Проектот е финансиран од […]
Вчера во 04.10 часот во СВР Струмица било пријавено дека на регионалниот пат во близина на село Раброво, валандовско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, управувано од И.К.(61) од Струмица, патничко возило „цитроен“, управувано од Г.А.(35) од Струмица, двете со струмички регистарски ознаки и трактор „ИМТ“ со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од […]
-Денес, со Министерството за култура го потпишавме договорот за реконструкција на кино салата во Валандово, како еден од најважните објекти за културниот живот на локалната заедница, објави градоначалникот Перо Костадинов. -Реконструкцијата ќе опфаќа: поставување на нова кровна конструкција, фасада, плафон, комплетна промена на столаријата, молеро фарбачки работи во внатрешноста, нов под во салата, под со […]