Тешко повреден млад возач од Владевци, излетал на патот Штип-Радовиш

 Тешко повреден млад возач од Владевци, излетал на патот Штип-Радовиш

МВР соопшти дека на вчера околу 07:30 часот во СВР Штип, било пријавено дека на експресниот пат Штип-Радовиш, патничко возило „алфа ромео“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од П.В.(28) од село Владевци, струмичко, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.

Share via
Copy link