fbpx

Тешко повреден мотоциклист кај Босилово

Вчера во 18:00 часот на магистралниот пат А4 Струмица-Ново Село, на влез во село Босилово, К.С.(35) од село Просениково, кој управувал мотоцикл „сузуки“ без регистерски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот, соопштија денес од МВР.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил К.С., на кого му е укажана лекарска помош во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Струмица.

Share via
Copy link