fbpx

Тешко повредена жена по излетување од патот со своето возило

Вчера во 07:10 часот во СВР Струмица било пријавено дека на магистралниот пат Струмица – Граничен премин Ново Село, на делницата од село Ново Село до село Сушица, Б.С.(26) од село Ново Коњарево, управувајќи патничко возило „хонда“ со струмички регистарски ознаки, изгубила контрола и со возилото излетала надвор од коловозот, соопштија денеска од од МВР.

По несреќата Б.С. била пренесена во Медицински центар Струмица каде и биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото извршила екипа од СВР Струмица.

Share via
Copy link