Старец потешко повреден во Муртино откако го удрил автомобил
Традицијата на Струмичкиот карневал ќе се одбележи онлајн
Водени од желбата да продолжи вековната традиција на Струмичкиот Карневал , долгогодишните посветени учесници на Струмичкиот карневал заедно со членовите на Организациониот Одбор и градоначалникот на општина Струмица Коста Јаневски, синоќа дискутираа за евентуалните можностите традицијата симболочно да се одбележи во 2021 година ако условите на КОВИД пандемијата го дозволат тоа.
Со оглед дека карневалот е јавна манифестација, која се одржува на отворен простор со голем број на учесници и посетители заклучено е дека одржувањето на карневалот во традиционалната форма треба да се откаже. Но сите се согласни во колку условите тоа го дозволат да се изнајдат соодветни форми на активности, имајќи во предвид дека поголемиот дел од групите ги чуваат маските изработени за јубилејниот карневал, кој не се одржа. Во таа насока беше предложено, во зависност од развојот на пандемијата да се организират повеќе онлајн средби со претставниците на карневалските групи на кои би се разгледувале можностите за одбележување на Струмичкиот Карневал 2021 година, во периодот од 12 до 17 март 2021 година, во форма и содржина соодветна на моменталната ситуација со онлајн пренос на активностите преку медиумите.
Во случај на влошување на ситуацијата сите активности ќе бидат откажани.