fbpx

Уапсен гевгеличанец кој нападнал сограѓанин во неговиот дом

 Уапсен гевгеличанец кој нападнал сограѓанин во неговиот дом

Денеска во 10:40 часот на улица „Таља Бикова“ во Гевгелија, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Гевгелија го лишиле од слобода А.Ѓ.(36) од Гевгелија, соопштија денеска од СВР Струмица.
Тој се сомничи дека на 12.12.2022 во домот на улица „Иво Лола Рибар“ во Гевгелија со остар предмет го нападнал Н.Н.(68) од Гевгелија. Со судска наредба бил извршен претрес во неговиот дом и биле пронајдени траги и предмети поврзани со кривичното дело.
Лицето било задржано во Полициската станица Гевгелија, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Share via
Copy link